24фудбал

Работнички падна во Битола, Вардар и Пелистер на врвот

Пелистер го симна Работнички од врвот победувајќи го со убедливи 3-0, Битолчани го делат првото место со Вардар кој ја збриша Брегалница со 5-1.

Македонија

Пелистер стави крај на победничката серија на Работнички, ги совлада со убедливи 3-0 и ги помина на врвот на табелата.

Бујчевски го отвори натпреварот пред самиот крај на првото полувреме, во финишот од мечот реализираа Љамчевски и Фернандо за радост на битолските навивачи.

Вардар со 5-1 ја победи Брегалница, а главен во триумфот беше Балотели кој реализираше хет-трик.

По еден гол за македонскиот шампион постигнаа Којашевиќ и Мијушковиќ, а почесниот погодок за Брегалница беше дело на Велинов.

Силекс не ја искористи предноста на домашен терен, одигра 1-1 со Македонија Ѓорче Петров. Недељковиќ погоди за Кратовчани, Јакимовски донесе бод за скопскиот тим.

Немаше голови на дуелот помеѓу Шкупи и Ренова.

Утре од 16:30 ќе се заокружи четвртото коло со натпреварот помеѓу Шкендија и Победа.

На врвот со по десет бода и иста гол разлика се Вардар и Пелистер, Работнички има еден бод помалку.