24фудбал

Рашфорд е херојот на Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Со гол на Рашфорд во судиското продолжение, Манчестер јунајтед славеше тешка победа од 1-0 на гостувањето кај Хал.

Англија

Манчестер јунајтед дојде до многу тешки три бода победувајќи го Хал со минимални 1-0, триумф изборен во последните моменти од натпреварот.

Мечот се играше по многу тешки услови, врнеше силен дожд во текот на сите 90 минути, па исклучително тешко беше да се контролира топката.

Манчестер јунајтед доминираше, се обидуваше да креира шанси, но повеќето беа јалови обиди.

Кога се очекуваше дека тимот на Мурињо ќе ги загуби првите бодови во новата сезона, по одлична асистенција од Руни, Рашфорд во 92. минута постигна гол кој значеше победа за Манчестер јунајтед.

По првите три кола, Јунајтед заедно со Челси има максимален број на бодови, истото може да го направи и Манчестер Сити доколку го добие утрешниот дуел против Вест Хем.