24фудбал

Јуве ја научи лекцијата од минатата сезона, славеше со 1-0 на гостувањето кај Лацио (ВИДЕО)

Избраниците на Масимо Алегри прокнижија нови три бода на стартот од новата сезона, Јувентус забележа минимална победа од 1-0 на гостувањето во Рим

Италија

Минатата сезона, „Старата Дама“ очајно започна, по првите две кола имаше нула бодови, но ситуацијата сега е поинаква.

По победата над Фиорентина во првото коло, Јувентус вечерва минимално со 1-0 славеше на гостувањето во Рим кај Лацио.

Стрелец на голот вреден три бода беше Сами Кедира во 67. минута.