24фудбал

Наполи со 4-2 го доби дербито со Милан (ВИДЕО)

Во супер интересен натпревар на Сан Паоло со шест погодоци и два црвени картони, Наполи со 4-2 славеше над Милан

Италија

Избраниците на Сари одлично го започнаа натпреварот и со двата погодока на новајлијата Милик на полувреме заминаа со предност од 2-0

Но Милан се врати во игра на стартот од вториот дел. Нианг намали на 2-1 во 51. минута, а Сусо изедначи на 2-2 во 55. минута.

Каљехон ги врати домаќините во предност од 3-2 во 74. минута, а Милан дополнително си ја отежна работата откако 60 секунди подоцна Куцка заработи два брзи картони и исклучување.

До крајот на средбата Милан остана без уште еден играч откако поцрвене Нианг, а за точка на лошата завршница, Ромањоли во 94. минута си ја затресе сопствената мрежа и ги постави конечните 4-2.