24фудбал

Нова мега продажба на Динамо Загреб, Марко Рог во Наполи за 18 милиони евра

Динамо Загреб има фантастичен преоден рок кога е во прашање заработката од продажба на фудбалери, договорен е трансферот на Марко Рог во Наполи вреден 18 милиони евра.

Италија

Според хрватските медиуми, се е договорено, остануваат само формалностите. Рог треба да ги помине лекарските тестови и да потпише пет годишен договор со Наполи. Годишната плата на фудбалерот ќе изнесува 1,3 милиони евра.

Динамо Загреб ќе инкасира 16,5 милиони евра, а потоа уште 1,5 милион евра од бонуси, со што сумата за Рог ќе биде фантастични 18 милиони евра.

Уште на почетокот од преодниот рок Наполи се поврзуваше со трансфер на Рог, тогаш го бараа во пакет со Пјаца за вкупно 35 милиони евра. Но со тоа што ги продаде посебно, Динамо Загреб ќе добие вкупно 41 милион евра.

„Многу сум среќен што заминувам во голем клуб и во италијанската лига, од друга страна не ми е лесно да отидам од Динамо и Загреб. Тука поминав фантастична година, ја освоивме двојната круна, игравме во Лигата на шампионите и сега го повторивме тој фантастичен успех. На своите сега поранешни играчи им посакувам многу среќа“ - вели Рог.

„Што се однесува до мене, едвај чекам да се приклучам на новиот тим, ова е голем чекор во мојата кариера и сигурен сум дека ќе му помогнам на клубот за остварување на целите“.