24фудбал

Фан на Евертон почина откако му се слошило на трибините на средбата со Стоук

Клубот од Гудисон Парк соопшти дека 51 годишен навивач го загубил животот откако му се слошило на трибините на вчерашниот дуел со Стоук

Англија

Според пишувањата на медиумите, фанот најверојатно доживеал срцев удар.

Извештаите велат дека доктор кој не бил на должност како и медицинските лица на Гудисон Парк веднаш му пружиле помош и се обиделе да му го спасат живот.

Но нивниот напор на крајот се покажал како недоволен, навивачот неколку часа подоцна починал во болница.

„Евертон длабоко жали што мора да соопшти дека на 51 годишен фан му се слоши на дуелот со Стoук и тој подоцна почина во болница – гласеше известувањето на „Карамелите“.