24фудбал

Официјално: Интер го комплетираше трансферот на Жоао Марио

Интер потпиша со португалскиот репрезентативец, Жоао Марио од Спортинг Лисабон за трансфер вреден 45 милиони евра.

Италија

Интер сериозно се засилува пред крајот на преодниот рок, клубот одвои големо богатство за да го донесе Жоао Марио на Џузепе Меаца.

Интер на Спортинг Лисабон ќе му плати 40 милиони евра, плус 5 во бонуси.

„Среќни сме што го имаме Жоао Марио во Интер. Тој е голем фудбалер за кој долго време се интересиравме“ - изјави претседателот Ерик Тохир.

Жоао Марио кој има 23 години беше еден од најактивните играчи на Португалија на Европското првенство кое го освоија.