24фудбал

Стерлинг конечно блесна, Сити го совлада Вест Хем со 3-1 (ВИДЕО)

Рахим Стерлинг со два погодоци беше главен играч на Манчестер Сити во победата од 3-1 над Вест Хем

Англија

Англичанецот имаше разочарувачки настап на ЕУРО 2016, но под водство на Пеп Гвардиола полека почнува да покажува што умее.

Рахим Стерлинг денеска постигна два погодоци против Вест Хем и му помогна на Манчестер Сити да забележи нова победа за 100% учиник на стартот од сезоната.

Резултатот беше отворен по седум минути игра, по една одлична акција, Нолито го проигра осамениот Стерлинг кој од десет метри рутински ја затресе мрежата на гостите.

Во 18. минута, Фернандињо скокна највиско по нафрлената топка на Де Брујне и зголеми на 2-0.

Гостите во вториот дел намалија преку Антонио во 58. минута, но Стерлинг во завршните мигови со својот втор гол ги реши сите дилеми.