24фудбал

Агуеро го пропушта дербито со Манчестер јунајтед, на напаѓачот му се заканува суспензија!?

Кун Агуеро е главна тема на медиумите од „Островото“ по крајот на дуелот помеѓу Манчестер Сити и Вест Хем, напаѓачот би можел да добие суспензија од три натпревар откако со лакт удри противнички играч

Англија

„Граѓаните“ со 3-1 го совладаа Вест Хем за три победи од три натпревар на стартот од новата сезона и во пресрет на големото градско дерби против Манчестер јунајтед.

Но за дуелот со „Црвените Ѓаволи“, Пеп Гвардиола може да остане без најдобриот напаѓач, Кун Агуеро.

Аргентинецот е во центарот на вниманието на медиумите откако со лакт го удри Винстон Рид.

Дефанзивецот на „Чеканите“ не го продолжи натпреварот, и при напуштањето на теренот постајно се држеше за вратот.

Сега се зависи од тоа што напишал судијата Андре Маринер во записникот, доколку арбитарот не го видел инцидентот, ФА може да покрене постапка и да користи видео технологија.