24фудбал

Барса со три бода заминува од гостувањето кај Атлетик Билбао (ВИДЕО)

„Каталонците“ со три бода заминуваат од секогаш незгодното гостување кај Атлетик Билбао, Иван Ракитиќ го постигна единствениот погодок на средбата

Шпанија

Барселона им се придружи на Реал Мадрид и Лас Палмас на врвот на табелата со по шест бода.

Вечерва избраниците на Луис Енрике славеа минимално со 1-0 на незгодното гостување кај Атлетик Билбао.

Стлрец на единствениот гол вреден три бода беше Иван Ракитиќ во 21. минута. По одличната нафрлена топка на Арда Туран, Хрватот со глава ја „закова“ топката во мрежата на домаќините.