24фудбал

Официјално: Арсенал го потврди трансферот на Мустафи

Брзо по потврдата за ангажман на Лукас Перез, Арсенал го промовира и дефанзивецот Шкодран Мустафи кој пристигнува од Валенсија.

Англија

За 24-годишниот германски репрезентативец топчиите ќе платат нешто повеќе од 35 милиони фунти.

„Тој е во најдобрите години, има добро искуство. Многу фокусиран фудбалер е кој знае да игра и со топката. Добивме одличен играч, но купивме и засилување за иднината“ - изјави Венгер.

Се верува дека со Перез и Мустафи завршува трансфер пазарот за Арсенал, но останува да видиме дали Венгер може да изненади во последните часови во преодниот рок, го правел тоа во минатото.