24фудбал

5 големи трансфери кои се случиле во последниот ден од преодниот рок

И покрај тоа што клубовите имаат цело лето да се засилат, последниот ден од преодниот рок е прилично хаотичен со голем број на зделки, кои понекогаш знаат да бидат и прилично големи

Останато

Роналдо од Интер во Реал Мадрид

По одличниот настап на СП 2002, Бразилецот го привлече вниманието на Реал Мадрид.

Преговорите со Интер траеа речиси еден месец, а двата клуба постигнаа договор во последниот ден од преодниот рок.

Роналдо стана новиот „Галактико“ за 45 милиони евра

Ибрахимовиќ од Ајакс во Јувентус

Трансфер пазарот во Италија во 2004 беше затворен со одлична зделка на Јувентус, во Торино пристигна Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот се скара со Ван дер Ваарт, па за Ајакс да има мир во соблекувалната, Златан Ибрахимовиќ на 31. август беше продаден на „Старата Дама“ за 19 милиони евра.

Вејн Руни од Евертон во Манчестер јунајтед

Англичанецот имаше понуда за нов договор од „Карамелите“ но Вејн Руни сакаше да замине и достави барање за трансфер.

Откако Евертон ја одби понудата на Њукасл, Вејн Руни во последниот ден од преодниот рок потпиша за Манчестер јунајтед во зделка вредна 26,5 милиони фунти, во 2004 највисока сума платена за тинејџер.

Месут Озил од Реал Мадрид во Арсенал

„Топчиите“ цело лето се обидуваа да го засилат нападот во 2013, а откако медиумите го поврзуваа клубот со голем број на играчи, на 2. септември Месут Озил пристигна на Емирати Стадионот.

И покрај тоа што првата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо беше против овој потег, Реал Мадрид реши да го продаде Германецот за 45 милиони евра.

Антони Марсијал од Монако во Манчестер јунајтед

Минатото лето „Црвените Ѓаволи“ очајно посакуваа нов напаѓач, па откако пропуштија неколку трансфер цели, во последниот ден од преодниот рок го ангажираа Антони Марсијал.

Манчестер јунајтед за младиот Французин плати 50 милиони евра, а зделката може да се искачи и до фантастични 80 милиони евра преку најразлични бонуси.