24фудбал

Челси се договори со ПСЖ, Давид Луиз се враќа на Стемфорд Бриџ

Давид Луиз повторно ќе го облече синиот дрес на Челси откако клубот од Лондон успеа да се договори со ПСЖ за негово враќање.

Англија

Во последниот ден од преодниот рок Челси го враќа Давид Луис на Стемфорд Бриџ.

Информациите од Англија велат дека Челси ќе му плати 32 милиони фунти на ПСЖ за овој трансфер. 

Фудбалерот патува во Лондон каде ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на нов договор со Челси.

Давид Луис не беше во плановите на новиот тренер на ПСЖ, па затоа францускиот клуб даде зелено светло за негов трансфер.