24фудбал

Официјално: Челси потпиша со Маркос Алонсо

Челси го комплетираше трансферот на левиот бек Маркос Алонсо кој пристигнува од Фиорентина.

Англија

Во последниот ден од преодниот рок Челси ја засилува дефанзивата, Маркос Алонсо од Фиорентина е новиот играч на сините.

25-годишниот лев бек се враќа во Премиерлигата, тој претходно го носеше дресот на Болтон.

Алонсо стави потпис на пет годишен договор со Челси.

„Многу сум среќен, ова е чекор напред во мојата кариера и мислам дека ова е перфектно место за да продолжам да се развивам. Време е да освојам некои трофеи“ - изјави Алонсо за официјалната страна на Челси.

Наскоро Челси треба да го потврди и враќањето на Давид Луиз.