24фудбал

Македонските навивачи веќе се на стадионот во Скадар (ФОТО)

За околу еден час Македонија со меч против Албанија во Скадар го започнува новиот квалификациски циклус, а поддршка ќе има и од неколку стотици македонски навивачи.

СП 2018

На повеќе од еден час до почетокот на мечот на стадионот „Лоро Боручи“ македонските навивачи се групираат да и дадат поддршка на нашата репрезентација.

Од Македонија отпатуваа неколку навивачки групи, македонската репрезентација ќе има поддршка од „Мајмуни“ и „Кумани“. А отпатуваа и „Балисти“ кои ќе навиваат за домаќините.

Натпреварот помеѓу Албанија и Македонија почнува од 20:45 часот.