24фудбал

Навивачите кои не беа на работа добија оправдување од Борусија Менхенгладбах (ФОТО)

Навивачите кои останаа еден ден повеќе во Манчестер и вчера го бодра својот клуб, на своите шефови можат да им дадат оправдување од Борусија Менхенглдбах

Лига на Шампиони

Поради обилен дожд, средбата помеѓу Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах се одложи за 24 часа, па голем дел од гостинските фанови непланирано останаа уште еден ден во Манчестер.

Борусија Менхенгладбах се грижи за своите фанови, па раковдството на клубот вети дека ќе им ги плати сите дополнителни трошоци на фановите.

Исто така сите кои останаа еден ден повеќе во Манчестер и вчера го бодреа својот клуб, на своите шефови ќе можат да им дадат оправдување од Борусија Менхенгладбах.

Секој фан на своето столче на Етихад Стадионот добил оправдување со потпис од спортскиот директор Макс Еберл.