24фудбал

Раниери: Ако Махрез го промашеше пеналот ќе му го скршев вратот

Клуадио Раниери открива дела Слимани требало да го изведе пеналот, но Мархез го направил тоа, па на шала рече дека ќе му го скршел вратот доколку промашел.

Лига на Шампиони

Лестер имаше фантастично деби во Лигата на шампионите откако со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Клуб Бриж.

Раниери е задоволен од изданието на Махрез кој не блескаше во првите кола од Премиер лигата, синоќа постигна два гола.

„Можеби му здосади дили-динг, дили-донг. Химната на Лигата на шампионите го разбуди. Ми се допадна како одигра, тренираше многу напорно“ - изјави Италијанецот.

Кога беше досуден пенал, Махрез ја зема топката и прецизно го изведе иако тоа требало да го направи Слимани.

„Да не беше гол ќе го фатев за врат и ќе му го скршев. Ја презема одговорноста. Пробував да кажам Слимани да го изведе ударот, бидејќи е фантастичен изведувач. Но Махрез ја презема одговорноста и погоди. Имаше среќа“ - со насмевка прокоментира Клаудио Раниери.