24фудбал

Венгер: Болт е пребрз за Бељерин

Арсен Венгер вели дека десниот бек на Арсенал, Ектор Бељерин нема шанси во трката со најбрзиот човек на планетата Усеин Болт

Англија

Шпанецот минатата година го превзеде приматот како најбрз фудбалер во Арсенал откако претрча 40 метри за 4,42 секунди.

За оваа дистанца на Усеин Болт му беа потребни 4,64 секунди кога Јамајканецот го постави светскиот рекорд на патеката од 100 метри.

Па често се говори за нивен дуел, а зборувајќи на промотивен настан на Пума, Ектор Бељерин вчера уште еднаш го предизвика Усеин Болт.

„Го чекам тој фамозен повик од Јамајка. Ми беше кажано дека можеби ќе се испробаме по Олимијадата во Рио, па сега чекам – рече младиот Шпанец.

Во пресрет на дуелот со Хал, новинарите го прашаа Арсен Венгер какви се шансите на неговиот фудбалер во евентуалната трка со Болт.

„Белерин е малку преамбициозен – рече менаџерот на Арсенал.

„Мислам дека Болт се уште е пребрз за Ектор.