24фудбал

Со голот на Бака, Милан славеше на гостувањето кај Сампдорија (ВИДЕО)

„Росонерите“ со три бода се враќаат во Милано од тешкото гостување кај Сампдорија, Карлос Бака на гостите им донесе победа од 1-0

Италија

Резервистот Карлос Бака вечерва беше јунакот на Милан на гостувањето на Луиџи Ферарис.

Во еден изедначен натпревар, Колумбиецот на пет минути до крајот го матираше голманот на Сампдорија за победа од 1-0 и три бода.