24фудбал

Убедливи победи за Манчестер Сити, Лестер и Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедливи 4-0 го совлада Борнмут, Лестер со 3-0 славеше над Барнли, Арсенал со 4-1 дојде до гостински триумф кај Хал.

Македонија

Тимот на Пеп Гвардиола продолжува со убедливи игри да ја чува лидерската позиција, овој пат настрада тимот на Борнмут кој четири пати ја вадеше топката од мрежата.

Резултатот го отвори Де Брујн уште во 15. минута, а десет минути подоцна Ихеначо зголеми на 2-0. Во вториот дел Стерлинг погоди за 3-0, а со точка на мечот стави Гундоган со својот деби гол.

Манечстер Сити натпреварот го заврши со десет фудбалери откако во финишот Нолито заработи црвен картон.

Позитивниот момент од Лигата на шампионите Лестер го пренесе и во Премиерлигата откако со 3-0 го совлада Барнли.

Слимани почна да ги тресе мрежите, негово дело беа првиот и вториот гол, а третиот беше автогол на Ми.

Убедлив беше и Арсенал на гостувањето кај Хал каде што победи со 4-1.

Санчез во 17. минута го отвори резултатот, во 40. Ливермор заработи црвен картон а Санчез не успеа да реализира пенал. Но по десет минути игра во вториот дел Волкот зголеми на 2-0.

И покрај тоа што играше со фудбалер помалку Хал преку Снодграс од пенал успеа да намали на 2-1, но само четири минути подоцна Санчез со својот втор гол ги откажа. Конечниот резултат го постави Џака со својот прв погодок за Арсенал.

Вест Хем втор пат по ред губи со идентични 4-2, овој пат на гостувањето кај ВБА.

Тимот на Славен Билич губеше и со 4-0, но преку Антонио и Ланцини во второто полувреме успеа да го ублажи поразот.