24фудбал

Николов го сруши Работнички, Вардар го доби градското дерби

Вардар со 1-0 го доби градското дерби против Работнички, Бобан Николов е херојот на „црвено-црните“, Шкендија со убедливи 3-0 славеше над Македонија Ѓорче Петров.

Македонија

Еден гол го реши градското дерби, Вардар со погодок на Николов го победи Работнички со 1-0 и ја продолжи победничката серија.

Голот падна во 28. минута кога Балотели шутираше од далечина, Шишковски одбрани, а топката од стативата дојде до Николов кој реализираше за водство кое значеше и победа.

До крајот на мечот и двете екипи имаа шанси, но мрежите мируваа до крајот.

Шкендија со убедливи 3-0 ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Хасани постигна два гола, еднаш Џангаровски ја затресе сопствената мрежа.

Немаше голови на натпреварите Победа - Брегалница и Силекс - Ренова.

По шест одиграни кола, Вардар е прв со 16 бода, Работнички има 12, Пелистер и Шкендија по 10, но тетовскиот тим има и натпревар помалку.