24фудбал

Палермо го слави Илија Несторовски, нов гол на Македонецот! (ВИДЕО)

Илија Несторовски влезе во серија, Македонецот е херојот на Палермо, со негов гол во 89. минута му донесе победа на својот тим.

Италија

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски е новиот херој на Палермо откако со гол во 89. минута донесе победа на својот тим.

Аталанта беше фаворит во овој дуел, но со погодокот на македонскиот напаѓач Палермо ги освоите трите бода и излезе од зоната на испаѓање.

Ова е втор гол на Несторовски по ред, во минатото коло му донесе бод на својот тим на гостувањето кај Кротоне.