24фудбал

Мурињо: Овој нов фудбал е полн со Ајнштајни

Жозе Мурињо смета дека неправедно бил критикуван тој и Манчестер јунајтед по трите порази во серија, низа која заврши синоќа со победа во Лига купот.

Англија

Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед одлично ја почнаа сезоната, но врзаа три порази во серија по што следуваа разочарувања кај фановите и критики од сите страни.

По вчерашната победа над Нортемптон, Мурињо го искористи моментот да им врати на критичарите:

„Имавме лоша недела. Знам дека светот е полн со Ајнштајни. Знам дека тие сакаат да избришат 16 години од мојата кариера, сакаат да ја избришат неверојатната историја на Манчестер јунајтед и да се фокусираат на една лоша недела со три лоши резултати. Но тоа е новиот фудбал, полн со Ајнштајни“ - вели Мурињо.

Пред Манчестер јунајтед е нов незгоден тест, во сабота на Олд Трафорд пристигнува шампионот Лестер. 

„Можам да го разберам разочарувањето. Фановите се разочараа од минатата недела и комплетно ги разбирам но сигурен сум дека ќе ни дадат поддршка како и секогаш. Сега имаме три домашни натпревари и секогаш е добро да се биде дома“.