24фудбал

Мурињо ја претера: Ќе му го скршам лицето на Венгер

„Специјалниот“ збеснал по коментарите на Арсен Венгер за трансферот на Хуан Мата во Манчестер јунајтед, па се заканил дека ќе му го скрши лицето на Французинот

Англија

Нови детали од ривалството помеѓу Жозе Мурињо и Арсен Венгер.

Арсен Венгер и Жозе Мурињо никогаш не се сакале, но се чини дека „Специјалниот“ овој пат претера.

Новинарот Роб Бисли открива дека „Специјалниот“ сакал да му го скрши лицето на Арсен Венгер.

Жозе Мурињо овие закани ги упатил во 2014, откако Арсен Венгер го прокоментира трансферот на Хуан Мата од Челси во Манчестер јунајтед.

Менаџерот на Арсенал тогаш истакна дека е изненаден што Челси продава одличен играч на ривал за титулата.

Во книгата, „Жозе Мурињо, одблиску и лично“, Бисли го цитира Жозе Мурињо како вели: „Еден ден ќе го начекам Арсен Венгер надвор од фудбалските терени и ќе му го скршам лицето.