24фудбал

Л’Екип открива: Ибрахимовиќ е тој што му должи пари на ПСЖ

Реномираниот весник од Франција открива дека Златан Ибрахимовиќ е тој што му должи пари на ПСЖ и тоа четири години

Франција

Продолжува војната помеѓу ПСЖ и Златан Ибрахимовиќ преку медиумите.

Швеѓанецот неодамна истакна дека му недостасува последната плата од ПСЖ, и во прв момент ваквите коментари беа сфатени како шега.

Но медиумите потоа почнаа да пишуваат дека има вистина во ваквите написи и ПСЖ навистина не ги подмирил сите сметки кон Златан Ибрахимовиќ.

Но според денешното издание на Л’Екип ситуацијата е обратна, и Златан Ибрахимовиќ е тој што му должи на ПСЖ.

Кога напаѓачот се пресели од Милан на Паркот на Принцовите во 2012, ПСЖ во име на Златан Ибрахимовиќ ги подмирил сите обврски кон италијанските даночни власти, а играчот се обврзал дека ќе ги врати овие пари.

Но во четиригодишениот престој во Париз, Швеѓанецот никогаш не го сторил тоа.

Па сега откако заврши љубовта, ПСЖ решил да не му ја исплатиле во целост последната плата на напаѓачот и да задржи дел од средствата со цел да се израмнат сметките.