24фудбал

Манчестер јунајтед се разбуди и го уништи Лестер (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед одигра фантастично прво полувреме и го победи Лестер со убедливи 4-1 ставајќи крај на серијата порази во Премиерлигата.

Англија

Во натпреварот против Лестер, Манчестер јунајтед влезе со два последователни порази во Премиерлигата и реагираше на фантастичен начин.

Вејн Руни конечно беше седнат на клупата за резервни фудбалери и тоа беше една од клучните промени за добрата претстава на Јунајтед.

Фудбалерите на Жозе Мурињо одиграа перфектно прво полувреме во кое го решија прашањето околу победникот.

Серијата погодоци ја отвори Смолинг со глава во 22. минута, во 37. одлична акција на фудбалерите на Јунајтед која беше крунисана со гол на Мата за водство од 2-0.

Во 40. минута одлично изведен коренер, реализираше Рашфорд за убедлива предност од 3-0, две минути подоцна Погба го постигна својот прв гол за Јунајтед откако пристигна од Јувентус.

Во второто полувреме Јунајтед го намали интензитетот, тоа му овозможи прекрасен гол на Греј во 59. минута за конечни 4-1.