24фудбал

Свонси повторно потклекна пред Манчестер Сити, Ливерпул убедлив против Хал (ВИДЕО)

„Граѓаните“ одново го освоија Либерти Стадионот и со 3-1 славеа над Свонси, Ливерпул на Енфилд го декласираше Хал со 5-1

Англија

Откако во средата славеше на гостувањето кај Свонси во Лига Купот, денеска Манчестер Сити во Премиерлигата стигна до нова победа над „Лебедите“.

Кун Агуеро во 9. минута ги донесе гостите во предност, но Љоренте за кратко време изедначи на 1-1.

Манчестер Сити стигна до ново водство во 65. минута, Кун Агуеро од пенал биеше прецизно за 2-1.

Точка на натпреварот стави Стерлинг во 77. минута.

Ливерпул на Енфилд го декалсираше Хал и славеше со убедливи 5-1.

Лалана го отвори резултатот во 17. минута, а по половина час игра Милнер од пенал зголеми на 2-0. На пауза домаќините заминаа со предност од 3-0 преку погодокот на Мане.

Гостите преку Мејлер намалија на 3-1 на стартот од вториот дел, но само 60 секунди подоцна Кутињо ја врати предноста на Ливерпул од три гола.

Милнер со вториот гол од пенал го постави конечниот резултат во 71. минута.