24фудбал

Арсенал го „потопи“ Челси во дербито на Лондон

Арсенал одигра одличен меч и со убедливи 3-0 го доби градското против Челси, три бода против конкурентот за највисок пласман.

Англија

Арсенал го преслуша Челси во дербито на Лондон, Арсен Венгер ја доби првата против Антонио Конте и тоа на убедлив начин.

Резултатот беше рано отворен, по една кардинална грешка на Кејхил кој неуспешно ја врати топката до Куртоа, Санчез искористи и донесе водство на Арсенал од 1-0.

Само три минути подоцна по една убава акција, Тео Волкот по асистенција од Бељерин реализира за 2-0.

На пет минути до крајот Месут Озил ги постави конечните 3-0.

Арсенал создаде уште неколку одлични шанси и можеше да слави поубедлива победа, немоќниот Челси имаше само една сериозна прилика преку Бачуаи кој излезе очи во очи со Чех но голманот беше подобар.