24фудбал

Гол на Јакимовски за Беневенто во убедлива победа над Бари (ВИДЕО)

Беневенто е хит во италијанската Серија Б, тимот на Никола Јакимовски денеска го победи Бари на негов терен, а македонскиот напаѓач го постигна својот деби гол за тимот.

Италија

По шест кола од Серија Б, Беневенто не знае за пораз, последна жртва е тимот на Бари во кој минатата сезона играше токму Јакимовски.

За разлика од претходните натпревари, Никола Јакимовски овој меч го почна од клупата, но го постигна својот прв гол во дресот на Беневенто.

Во судиското продолжение од мечот Македонецот се најде во позиција од која не можеше да погреши и постигна гол за конечни 0-4.

Во продолжение видео од голот на Јакимовски, акцијата почнува од 2:35 минута: