24фудбал

Се тресе столчето на Биг Сем, новинари го насамарија селекторот на Англија

Селекторот на Англија, Сем Алардајс е во големи проблеми откако на новинари преправени во бизнисмени им говореше дека можат да се заобиколат правилата на ФА за трансфер на фудбалери

Англија

Биг Сем е последната жртв на „скриената камера“ на новинарите од „Островото“, весникот Телеграф успеа да го насамари селекторот на Англија.

Двајца новинари му се преставиле на Сем Алардајс како преставници на компанија од Далечниот Исток која сака да профитира од трансферите во Премиерлигата и да добие дел од колачот вреден околу 1 милијарда фунти.

ФА во 2008 ги забрани трансферите на играчи со сопственост на трети лица, но на видео снимките кои ги објави Телегреф, Сем Алардајс вели дека овие правила можат да се заобиколат и тој познава агенти кои постојано го прават ова.

Селекторот на Англија исто така преговара и за понуда вредна 400 000 фунти годишно, според која ќе треба да отпатува за Сингапур и Хонг Конг со цел да им се обрати на инвеститори во името на компанијата која сака да купи играчи.

ФА веднаш започна истрага и ги побара целосните снимки од двете средби кои биле оддржани.

Сем Алардајс сега ќе треба да објасни дали само давал искрен коментар за тоа што се случува во светот на фудбалот или пак им давал совети на наводните бизнисмени како да ги заобиколат правилата.

Доколку е ова второто, тогаш тоа сигурно ќе биде доволно сериозен прекршок за ФА да ја прекине соработката со него.