24фудбал

Клоп: Коп ми го приреди најубавиот половина час фудбал, но нема споредба со „Жолтиот ѕид“

Јирген Клоп вели дека навивачите на Ливерпул му го приредиле најубавиот половина час фудбал, но додава дека нема споредба со фамозниот „Жолт ѕид“ на Борусија Дортмунд

Англија

Германецот во разговор со Скај Спортс направи компарација помеѓу атмосферата на Сингнал Идуна Парк и Енфилд, или поточно помеѓу „Жолтиот ѕид“ и Коп.

„Коп е нешто поразлично – вели Јирген Клоп.

„Но ништо не може да се спореди со „Жолтиот ѕид“. 27 000 луѓе стојат, тоа е прилично импресивно“.

„Но најубавиот половина час во фудбалот ми го приреди Коп“.

„Тоа беше последниот половина час од средбата со Борусија Дортмунд. Сум искусил голем број на натпревари на кои атмосферата била неверојатна и брилијантна, но тој половина час беше најдобар.