24фудбал

Тевез предвреме ја завршува кариерата?

Карлос Тевез вели дека му се допаѓа фудбалот но не и работите кои го опкружуваат, па најави можно повлекување од фудбалот по крајот на годината.

Македонија

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Сити и Јувентус, сега член на Бока Јуниорс најави можно повлекување од фудбалот.

„Уживам во фудбалот, но не и во она што го опкружува. Во Европа знаете со кој ќе играте шест месеци претходно, а тука во понеделник дознавате кој ќе ви биде ривал во петок. Постои можност да се повлечам на крајот на годината, размислувам за тоа“ - изјави Тевез.

Аргентинецот има 32 години и може да игра уште неколку години на врвно ниво, останува да видиме дали пред време ќе ја заврши фудбалската кариера.