24фудбал

Вардар и Пелистер одиграа нерешено, киксна и Шкендија

Дербито помеѓу Вардар и Пелистер заврши без победник 1-1, Шкендија не го искористи киксот на македонскиот шампион откако и таа одигра со истиот резултат против Ренова.

Македонија

Вардар втор натпревар по ред игра нерешно во домашното првенство, овој пат не успеа да го победи Пелистер во вечното македонско дерби.

По мирното прво полувреме, Вардар дојде во водство по четири минути игра во вториот дел кога шампионот поведе со гол на Којашевиќ.

Откако Вардар поведе се чинеше дека го има натпреварот во свои раце и ќе извојува победа, но Пелистер успеа да изедначи преку Лукас Кардосо во 65. минута.

Вардар до крајот јалово се обидуваше да дојде до трите бода, но Пелистер успеа да се одбрани.

Шкендија не го искористи киксот на Вардар, и таа одигра 1-1 во тетовскиот дуел против Ренова.

Шкендија поведе со гол на Жуниор во 49. минута, Муслиу во 63. го изедначи резултатот на 1-1.

Работнички со 2-1 загуби на гостувањето кај Победа, Македонија ЃП со 2-1 победи на гостувањето кај Брегалница, 1-1 заврши дуелот помеѓу Шкупи и Силекс.