24фудбал

Варди: Како луд трчам по теренот со три ред була и дупло еспресо

Голгетерот на Лестер, Џејми Варди открива каков е неговиот ритуал во пресрет на натпреварите од Премиерлигата

Англија

Напаѓачот минатата сезона играше во одлична форма, беше стрелец на 11 натпревари во низа, а сезоната ја заврши со 24 погодоци зад своето име.

Во својата автобиографија, Џејми Варди сега открива дека конзумира големо количество на кофеин, кое му помага да трча како луд 90 минути.

„Доколку натпреварот започнува во 15 часот, веднаш штом ќе станам од спиење пијам лименка ред бул” – вели Варди.

„Во 11:30 јадам омлет со шунка и сирење, и потоа веднаш пијам уште еден ред бул”.

„Додека чекаме, пијам дупло еспресо, вообичаено со Василевски”.

„Пред да излеземе на загревање пијам уште еден ред бул, и од него оставам малку за кога ќе се вратиме во соблекувалната”.

„Па како луд трчам по теренот со три ред була, дупло еспресо и омлет со шунка и сирење”.