24фудбал

ФА сака Арсен Венгер да биде нов селектор на Англија

Според дел од англиските медиуми, ФА ќе се обиде да го ангажира Арсен Венгер за нов селектор на Англија.

Англија

Сем Алардајс замина неславно од селекторското столче по само 67 дена на кормилото. Тој не успеа да го издржи скандалот, па ФА сега е во потрага по нов предводник.

Герет Саутгејт ќе ја води репрезентацијата во наредните четири меча, а во меѓувреме ФА ќе се обиде да најде трајно решение за селекторската позиција.

Венгер е во последната година од договорот со Арсенал и ФА сака да ја искористи таквата ситуација на Французинот и да го ангажира.

Според „Стандард“ Венгер наскоро и официјално ќе биде контактиран од челниците на ФА.

Од друга страна пак и Арсенал сака да го продолжи договорот со Арсен Венгер, тимот во моментов игра во добра иако во изминатите сезони не ги исполнуваше очекувањата на фановите.

Венгер секогаш велел дека селектор на Англија треба да биде Англичанец, но и покрај тоа во ФА се оптимисти дека можат да го убедат искусниот стратег.