24фудбал

Трета тренерска жртва во Примера

Гранада му врачи отказ на тренерот Пако Хименез по најлошиот старт на клубот во последните 70 години.

Шпанија

Пако Хименез ја плати цената на лошиот старт на Гранада која има само два бода од првите шест кола и се наоѓа на претпоследното место на табелата во Примера.

46-годишниот стратег во јули потпиша три годишен договор со Гранада, но многу порано си заминува од кормилото. Претходно четири години со успех го водеше Рајо Ваљекано.

Пако Хименез е третиот тренер кој добива отказ во Примера, претходно тоа им се случи на Марселињо од Виљареал и Ајестеран од Валенсија.