24фудбал

Селекторот Ангеловски го објави списокот за дуелите со Израел и Италија

Селекторот Игор Ангеловски ги објави имињата на фудбалерите на кои ќе смета за квалификациските дуели против Израел и Италија.

Македонија

Пред селекцијата на Македонија се два квалификациски натпревари на домашен терен. Најпрво го пречекуваме Израел на 6. октомври, а на 9. играме со селекцијата на Италија, и двата дуели се со почеток од 20:45 часот.

Собирот на репрезентативците е закажан за 3. октомври во Скопје.

„На списокот се речиси истите фудбалери кои беа дел и од мечот против Албанија. Нови се искусниот голман Мартин Богатинов, како и Душко Трајчевски и Адис Јаховиќ“ - вели Ангеловски.

„Неизвесен е настапот на Тричковски кој има повреда, но денеска одработи тренинг и прогнозите се дека ќе биде подготвен барем за натпреварот против Италија. Тој ќе биде со нас и ќе тренира, се надеваме дека ќе може и да настапи“.

„Што се однесува до противниците, Израел е селекција која се одликува со брза и технички добра игра, имаат неколку играчи кои настапуваат во познати клубови. Италија е апсолутен фаворит, ќе бидам задоволен со секој освоен бод од овие два натпревари. Ако оствариме една победа, би биле презадоволни“.