24фудбал

Обамејанг му се заблагодари на Роналдо: Го направи среќен мојот син (ФОТО)

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејнаг се пофали дека го разменил дресот со Кристијано Роналдо, сувенир на кој најмногу се радува неговиот син

Лига на Шампиони

Репрезентативецот на Габон не крие дека сака еден ден да го облече дресот на „Кралевите“, изминатово лето често се поврзуваше со Реал Мадрид, но трансферот не се реализираше.

Ждрепката од Лигата на Шампионите ги спои Борусија Дортмунд и Реал, па во вторникот тој играше против „Кралевите“ и успеа да ја затресе мрежата на шампионот на Европа.

На крајот од средбата Пјер Емерик Обамејнаг го разменил дресот со најголемата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо, сувенир на кој најмногу се радува неговиот син.

„Роналдо, го направи среќен мојот син – напиша напаѓачот на Инстаграм и постираше слика од неговиот син како гордо го држи дресот на ЦР7.