24фудбал

Билиќ: Моја беше идеата играчите да излезат и да се забавуваат

Менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ вели дека тој го советувал капитенот Марк Нобл да организира вечера и играчите малку да се забавуваат

Англија

„Чеканите“ играат катастрофално на почетокот од оваа сезона, и имаат пет порази на шест натпревари во Премиерлигата.

Играчите на Вест Хем дополнително го навлекоа гневот на фановите откако во понеделникот се забавуваа, а најмногу претераа Енди Керол, Арон Кресвел и Дарен Рендолф, кој во седум часот наутро беа забележани во Мекдоналдс.

Исто така, Керол и Рендолф се обвинети дека продолжиле да се пијанчат и во вторникот попладне, откако беа фотографирани во еден паб.

Славен Билиќ сега открива дека негова била идеата играчите да излезат и да се забавуваат, стратегот се обидел да го поправи моралот на екипата.

„Идеата беше моја – вели менаџерот на Вест Хем.

„Му кажав на Марк, капитенот, да ги однесе на вечера. Тоа беше добра идеа и исправен потег.

„Потоа се појавија одредени гласини. Разговарав со претседателот, ќе ги разгледаме обвинувањата и доколку е потребно ќе превземеме дисциплински постапки.