24фудбал

Раиола го убедувал претседателот на Ница да не потпише со Балотели

Претседателот на Ница, Жан Пијер Ривер го открива разговорот со Мино Раиола пред да потпишат договор со Марио Балотели.

Франција

Мино Раиола е се само обичен агент не, тој заедно со Жорге Мендеш владеат на фудбалскиот пазар.

Раиола е агентот на Балотели, тој имал чуден разговор со претседателот на Ница пред неговиот клиент да потпише за францускиот клуб.

„Пред состанокот со Марио кој беше одложен поради проблеми со неговиот лет, Мино ми ги кажа сите причини поради кои не треба да потпишам со Балотели“ - вели претседателот на Ница, Жан Пјер Ривер.

„Кога дојде Балотели, тој му рече „Му ги кажав на претседателот сите твои лоши страни“. Но тоа се тактики за продажба. Мино ми рече дека самиот Марио имал желба да дојде кај нас“.