24фудбал

Србија поднесе жалба за приемот на Косово во УЕФА

Србија се жали кај Судот за спортска арбитража (ТАС) за приемот на Косово како рамноправна членка во УЕФА.

Останато

Со 28 гласа за, 24 против и два неважечки гласа, Косово стана 55. членка на УЕФА на конгресот кој во мај се одржа во Будимпешта, и покрај силните протести од страна на Србија.

Србија реши целиот случај да го однесе пред суд, па ФФС достави жалба до судот за спортска арбитража.

Судот од Лозана оваа недела соопшти дека жалбата на Фудбалската федерација на Србија ќе биде разгледана на 31. октомври.

Откако стана членка на УЕФА, Косово потоа стана членка и на ФИФА и беше вметната во квалификациите за Светското првенство во Русија.

Косово веќе го одигра првиот официјален натпревар, реми од 1-1 против Финска.