24фудбал

Интер поразен на гостувањето кај Спарта Прага (ВИДЕО)

Интер со пораз се враќа од гостувањето кај Спарта Прага, „нероазурите“ загубија со 3-1, Фиорентина ја наполни мрежата на Карабаг.

Лига Европа

Интер влезе како фаворит на гостувањето кај Спарта Прага, но излезе со пораз од 3-1.

Со два гола на Кадлец во првиот дел Спарта имаше сигурна предност од 2-0. Интер во 71. минута се врати во игра со погодок на Паласио, но мечот беше решен пет минути подоцна кога Ранокија заработи црвен картон а Холек погоди за 3-1.

Вториот италијански претставник, Фиорентина немаше такви проблеми, со убедливи 5-1 го победи тимот на Карабаг за кој последните 30 минути ги одигра македонскиот фудбалер Муарем Муарем.

Работата за Фиорентина ја олесни Јунужаде кој доби црвен картон во 30. минута. Потоа Фиорентина со по два гола на Бабакар и Зарате и еден на Калиниќ дојде до предност од 5-0. Во 92. минута гостите преку Ндлову дојдоа до почесен погодок.

Шалке дојде до победа од 3-1 против Салцбург, Селта со два гола во финишот го победи Панатенаикос со 2-0, Ајакс со минимални 1-0 беше подобар од Стандард Лиеж.

Балотели постигна нов гол за Ница, која со 5-2 загуби кај Краснодар, Саутемптон одигра без голови кај Бир Шева, Мајц со 3-2 победи на гостувањето кај Габала. Виљареал одигра 1-1 кај Стеауа.


Резултати:


Астана - Јанг Бојс 0:0

Габала - Мајнц 2:3

Ајакс - Стандард 1:0

Селта Виго - Панатенаикос 2:0

Фиорентина - Карабаг 5:1

Гент - Коњаспор 2:0

Бер Шева - Саутемптон 0:0

Краснодар - Ница 5:2

Либерец - ПАОК 1:2

Шалке - Салцбург 3:1

Шахтар - Брага 2:0

Спарта Прага - Интер 3:1

Стеауа - Виљареал 1:1

Цирих - Османлиспор 2:1