24фудбал

Пандев: Израел е фаворит, но ние сме подготвени за добар резултат

Капитенот на Македонија, Горан Пандев вели дека атмосферата во репрезентацијата е одлична и се надева дека со помош на публиката ќе дојдат до добар резултат.

Македонија

Македонската јавност чека добар натпревар и пред се добар резултат од фудбалската селекција. 

Следен противник е репрезентацијата на Израел, а дуелот се игра утре со почеток од 20:45.

Горан Пандев вели дека добро го анализирале противникот и подготвени се да ги израдуваат навивачите.

„Знаеме дека нè очекува дуел со една квалитетна селекција. Фаворити се Израелците, но ние добро се спремивме за овој дуел. Овие три дена добро работевме, имаме одлична атмосфера. Ги знаеме на противникот добрите и лошите работи во играта. Со помош на нашата публика можеме да направиме добар резултат“, изјави Пандев.