24фудбал

Нов пораз на Македонија, Јаховиќ трагичар (ВИДЕО)

Шансите за Македонија, бодовите за Израел. Нашата репрезентација доживеа нов пораз, овој пат од 2-1. Адис Јаховиќ имаше шанса во 95. минута од пенал да донесе бод но не реализираше.

Македонија

Македонија создаде доволно шанси да дојде и до победа против Израел но доживеа нов пораз, ефикасноста потфрли.

Македонската репрезентација одлично го почна натпреварот, нападна и имаше две фантастични шанси преку Горан Пандев да дојде во водствот, но капитенот не беше на висина на задачата.

Казната стигна во 25. минута кога Хемед со глава реализираше за водство на Израел од 1-0.

Македонија тргна кон изедначување, играше офанзивно, постигна и гол преку Несторовски кој беше поништен поради офсајд.

Пред крајот на полувремето лоша реакција на одбраната Бен Хаим го зголемува водството на Израел на 2-0.

Македонија не се откажуваше, во второто полувреме се редеа напади кон голот на Израел, иницијативата конечно резултираше со гол во 65. минута кога по асистенција од Спировски, Несторовски погоди за 1-2.

Во финишот од мечот имавме огромна шанса за израмнување. Во 94. минута Несторовски беше фаулиран во шеснаесетникот на Израел, судијата покажа на белата точка. Јаховиќ ја зема топката и погреши, шутираше лошо, голманот одбрани и Македонија остана со празни раце на уште еден натпревар.

Пораз во натпревар со добра игра и повеќе создадени шанси кој може да делува демотивирачки во продолжението од квалификациите.

Следниот натпревар на Македонија е во недела кога на „Филип Втори“ арената гостува селекцијата на Италија.