24фудбал

Ангеловски: Нема да бидеме статисти против Италија

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски верува дека нашата репрезентација може да и парира на силната Италија против која утре играме квалификациски натпревар.

Македонија

Македонија утре ја пречекува Италија. Избраниците на Игор Ангеловски лошо го почнаа квалификацискиот циклус, но оптимизмот дека ќе биде подобро сеуште не исчезнал.

„Добро знаеме кој ни доаѓа на гости, четрикратен светски првак, 53 официјални натпревари без пораз. Нас ни е чест што една ваква репрезентација ни доаѓа на гости во нашата земја. Македонија и Италија имаат допирни точки, а една од нив е нашиот капитен Горан Пандев, кој своите ѕвездени моменти ги доживеa во Италија“ - вели Игор Ангеловски.

„Не сакам да бидеме статисти на овој натпревар и би сакал да го извлечеме доброто од натпреварот против Израел во четвртокот. Не планирам промени од мечиот со Израел, можеби само ќе посегнам на освежување во средниот ред. Ќе играме 3-5 2 и на утрешниот натпревар, нема причина да менуваме. За разлика од претходниот селектор кај „азурите“ нема големи промени, можеби само некои финеси. Не очекувам големи промени и утре во Скопје“.