24фудбал

Напаѓачот на Леверкузен, Мехмеди изградил куќа на сиромашно македонско семејство

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Адмир Мехмеди кој има македонско потекло изградил куќа на сиромашно семејство од родното село на неговиот татко.

Македонија

Адмир Мехмеди е роден во Гостивар, но како дете се преселил во Швајцарија со семејството, и ги брани боите на оваа репрезентација.

Медиумите од Швајцарија и Германија сега пишуваат за еден убав гест на напаѓачот на Баер Леверкузен.

И додека поголемиот дел од фудбалерите големите плати ги трошат на лукзусни автомобили и скап накит, Адмир Мехмеди решил со своите пари да направи среќено едно сиромашно семејство од Македонија. 

Извештајот вели дека играчот одвоил финансиски средства за семејство од гостиварското село Падалиште да добие нов дом.

Шест члено семејство живеело во една соба со два кревета без кујна и купатило, па кога за ова дознал Адмир Мехмеди, тој од свој џеб им изградил нова куќа.

„Го правам ова зошто сакам да му помогнам на ова семејство“ - вели Мехмеди.

„Ќе беше подобро доколку медиумите никогаш не дознаеа за целата работа, преферирам целата ситуација да остане приватна“.