24фудбал

Гвардиола: Му носев вода на Куман во Барселона

Пеп Гвардиола открива дека му носел вода на Роналд Куман во Барселона и вели дека се огледувал на Холанѓанецот

Шпанија

Двајцата стари пријатели овој викенд ќе се сретнат на Етихад кога Манчестер Сити ќе го пречека Евертон.

Во пресрет на натпреварот, Пеп Гвардиола открива дека на почетокот од 90-тите кога тој како младинец се промовирал во првиот тим на Барселона, му носел вода на Роналд Куман.

„Кога му требаше вода, му носев вода – вели Шпанецот.

„Бев млад, се огледував на него. Тој беше толку љубезен, не само на теренот туку и надвор од него.

„Научив многу од Куман. Мислам дека тој е еден од првите централни дефанзивци кои покрај одличната игра во одбраната имаа уште многу други квалитети.