Категорија: Италија 17.10.2016 11:55
И додека ФА не гледа конфликт на интерес поради тоа што Ентони Тејлор навива за нисколигашот Алтринкам, фановите на Ливерпул се бесни на изборот со оглед на тоа дека судијата живее на десетина километри од Олд Трафорд.
Свој коментар за целата ситуација секоко имаше и Жозе Мурињо, кој обвини дека „Црвените“ се обидуваат да извршат притисок врз арбитарот.
„Имам свое видување, но ја научив лекцијата од големиот број на казни, па нема да кажам ништо” – вели менаџерот на Манчестер јунајтед.
„Мислам дека господинот Тејлор е многу добар судија но исто така мислам дека некој намерно става огромен притисок врз него па чуствувам дека ќе му биде тешко да има добри перформанси”.