24фудбал

Диего Коста до Конте: Ако не ти се допаѓа како играм, извади ме!

Англиските медиуми откриваат што всушност значеше барањето на Диего Коста до клупата на Челси да биде изваден од игра.

Англија

Во саботата Челси го победи Лестер со 3-0, Диего Коста постигна гол и игра во одлична форма во текот на сезоната.

Во текот на второто полувреме напаѓачот даде знак до клупата на Челси да биде заменет, но тоа не се случи.

Но англиските медиуми откриваат што всушност значела гестикулацијата на Диего Коста.

Тренерот на Челси, Антонио Конте во текот на натпреварот му сугерирал на Диего Коста како да игра, на тоа напаѓачот изнервирано ја направил гестикулацијата која му значела „Ако не ти се допаѓа како играм, извади ме“.

По натпреварот Диего Коста бил опоменат од клубот за своето однесување кон Антонио Конте.