24фудбал

Ето ги смирува гневните фанови на Анталијаспор: Ќе дадам 100.000 евра ако не завршиме во топ 10

Самуел Ето се обложи со еден фан на Анталијаспор и вети дека ќе му искешира 100.000 евра доколку на крајот од сезоната не се во топ 10 на табелата

Останато

Во понеделникот Анталијаспор имаше прилика конечно да стигне до првата победа оваа сезона, имаше водство од 1-0 на дуелот со Ризеспор, но гостите во судиското надополнување се изборија за 1-1.

Па по седум коло од новата сезона во првенството на Турција, Анталијаспор остана на дното на табелата.

Домашните фанови беа гневни по новото разочарување и ги исвиркаа фудбалерите.

По крајот на натпреварот, играчите на Анталијаспор разговараа со фановите и се обидоа да ги убедат дека нема потреба за загриженост.

Самуел Ето отиде чекор понапред и се обложи со еден фан, поранешната ѕвезда на Барселона вети дека ќе искешира 100.000 евра доколку Анталијаспор не заврши во топ 10.    

„Ќе завршиме помеѓу топ 10 – рекол Камерунецот. „Убеден сум во ова.

„Верувај ми, ќе ти дадам 100.000 евра доколку не завршиме во топ 10.

Ето потоа го запишал името и телефонскиот број на фанот.